Флензбург без тренер и седум играчи во Букурешт

Екипата на Флезнбург на која и така не и оди добро во Лигата на шампионите сезонава, во Букурешт ќе биде на многу сериозен тест.


Германскиот вице-првак Флензбург, годинава во Лигата на шампионите има освоено само пет бода од кои четири се освоени во последните две кола, против Мотор и Динамо Букурешт. 
Денеска Флензбург одново ќе игра со Динамо Букурешт, но какви се шансите да ја повтори минатонеделната партија во која славеше 37-30, проценете самите.

Во тимот на Флензбург што поради Ковид, што поради повреди нема да има девет члена. 
Тренерот Маик Макула нема да ја води екипата, а нема да биде ниту ко-тренерот Марк Булт, па така „А“ официјално лице ќе биде прославениот германски ас Холгер Гландорф. 

Во составот на Германците во играчкиот дел ги нема ниту Магнус Род, Симон Халд, Хампус Ване, Јим Готфридсон, Свен Јоран Јоханесен, Франц Цемпер и Ласе Мелер. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk