Заврши штрајкот, Металург утре на тренинг!

Ракометарите на Металург утре ќе бидат на тренинг и викендов во редовниот термин ќе играат против Тинекс Пролет во домашното првенство.



Добри вести стигнаа вечерва од „Автокоманда“. Прекинат е штрајкот и ракометарите утре ќе се вратат на тренинг. Клубот и ракометарите се договориле за продолжување на рокот во кој треба да им бидат подмирени обврските и работите ќе се вратат во нормала. 

Металург се најде во многу непријатна ситуација кога ракометарите решија да престанат со тренинзи. Клубот е во криза долго време, се најавува излез, ветени им се средства со кои би требало да биде надмината кризата, но додека тоа да биде реализирано, ситуацијата ќе биде тешка. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk