Келце пак ја бутна Барса, пораз и на Кил

Атомски ракомет понудија премиерните натпревари од осмото коло во Лигата на шампионите. Барса гостуваше во Келце, Кил гостуваше кај Алборг. 



АЛБОРГ - КИЛ   35-33 (17-16)
КЕЛЦЕ - БАРСА  29-27 (14-16)

Втор пат во рамки на една недела Барса губи од ист тим - Келце. Прво дома им беше прекината серијата од шест години без пораз и тоа на јубилејниот 500-ти меч, а вечерва загубија и во „Легионов“. 

Еден од најубавите натпревари одиграни годинава беше дуелот во Полска меѓу Келце и Барса. Катлонците беа високо мотивирани и сконцентрирани и поведоа со 5-1 пред Келце да се соземе и да воспостави рамнотежа. Но, Барса играше атомски ракомет, функционираше се во нивните редови и тоа направи Келце да изгеда полошо отколку што реално беше. 
Барса доминираше, имаше и во вториот дел водство од 24-20, но во финишот нивната разлика од три гола се стопи и Келце успеа да израмни. 
Најлошите напади на Барса беа во самиот финиш. Лоши комбинации, расположен Волф, а на спротивната страна Душебаев и Карачиќ во стил што на времето го играа во Вардар го решија победникот. 

Лошата вест за Вардар стигна од Алборг, каде што данскиот шампион го совлада Кил и му избега на Вардар цели пет бода. Уште повеќе што Кил ќе се вади следното коло, кога на гости му доаѓа Вардар. 
Алборг на овој натпревар настапи без Арон Палмарсон, а Николај Лесо имаше скор 8/11 и беше кошмарот на Кил. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk