Игор Карачиќ ќе добие понуда од Келце

Еден од „најинтересните ликови во светскиот ракомет, секако е претседателот на Келце Бертус Сервас. Холанѓанецот кој се адаптираше на животот во Полска, секогаш има што да каже, дали во интервју или преку Твитер. 
А како и не би, кога Келце успеа да купи дури 31 играч, од кои 15 се бекови. 



Бертус Сервас одговараше на прашања на ТВП. ОКолу трансферите од клубот го кажа следново:

„Во моментов имаме под договор 31 играч, а ни требаат 20“. 

- Од екипата заминуваат Сигвалди Гудјонсон и Владислав Кулеш, а од позајмица нема да се вратат за следната сезона Михал Валах и Виктор Томчак. Тоа значи дека остануваат 27 играчи, односно 26 затоа што Хасан Кадах доаѓа во 2023.
Не знам што да правиме со Санчез Мигаљон. Тој е многу добар човек. Но, буџетот не е гума. Не е лесно да им се каже на менаџерите дека не ја гледаме иднината на нивните клиенти во клубот. Но, имаме и чисти ситуации, како Павел Пачковски и Дорук Пеливан што досега беа на позајмица. Значи остануваат 24. Кои ќе бидат другите ќе видиме. 
- Игор Карачиќ ќе добие нова понуда. Но, дали ќе ја прифати? Под кои услови и колку долго би останал со нас? Ако Карачиќ има понуда од друга екипа, треба да дојде и да каже 'сакам ваков и ваков договор, за толку пари'. Комплицирано е, особено кога имаме толкав број на играчи. 
- Приоритет ми е следниве денови да разговарам со Бранко Вујовиќ. Но, тоа не значи тој ќе остане со нас по 1 јули. Јас би сакал да се договориме, затоа што е фантастичен потенцијал, изјави Бертус Сервас. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk