Грегори Кожан, досегашниот асистент на Алберто Ентрериос и спортски директор на клубот, од јуни ќе биде нов тренер на Нант
Нант одбра тренер за следните две сезони, очекувано тоа нема да биде Кирил Лазаров како што тој и самиот најави за време на престојот во Скопје, благодарение на една изјава во на играч на Нант во Франција, кај нас молњевито се прошири идеја, шпекулација, дека можеби нему ќе му биде доделена таа улога.
Досегашниот асистент на Ентрериос, Грегори Кожан ќе го води клубот во следните две години, што укажува на тоа дека во начинот на игра нема да има големи промени, иако играчки промени ќе има.
Кожан е 16 години дел од клубот, тој е и менаџер на центарот на формација на Нант и профеионален тренер од 2009 година.