Нескриено беше задоволството на Е. Пелистер по вечерашната голема победа над Татабања. Но, должна почит кон семејствата на настраданите беше одадена и на почетокот на мечот со едноминутно молчење и на прес конференцијата.
Најпрво би сакал да изразам сочувство за сите погодени од несреќата која ѝ се случи на Македонија. Што се однесува на натпреварот, ние добро ги искористивме сите нивни проблеми. Тие беа уморни и се покажа дека тоа влијаеше на нивниот настап. Воедно сакам да им се заблагодарам на моите играчи на одличниот ангажман и желба. Навистина одиграа на неверојатно ниво и на крај мислам дека победивме повеќе од тоа што очекувавме“ , рече хрватскиот стратег.
Јосип Божиќ-Павлетиќ:
„Одигравме перфектен меч, од почеток до крај бевме максимално концетрирани. Бевме одлично подготвени, ги знаевме и ги искористивме сите слабости на противникот. Мило ни што остваривме ваква победа за нашите навивачи“.