Еурофарм Пелистер попладнево на дуел со Татабања од Унгарија. По победата над АЕК на гости во Грција, се очекува нов триумф на битолскиот клуб.
Крилниот играч на битолчани, Гоце Ојлески смета дека македонскиот тим би требало да победи. Но, нема да биде лесен натпреварот.
Добро се познаваме со Татабања, минатата сезона одигравме неколку натпревари. Со доаѓањето на тренерот Ѓукиќ во тимот владее позитивна енергија, играат подобро од претходно и тоа е голем плус за нив. Убаво е кога се победува, особено на гостински терен. Нашата форма оди во нагорна линија, одлично се подготвуваме, играме добро и нема зошто да не веруваме дека ќе победиме. Свесни сме дека нè очекува тврд и тежок натпревар, против цврста екипа со добри голмани, но пак ќе речам - сите веруваме во победа“, рече искусниот Ојлески.