Кил (ќе) има нов крал на стрелците

Актуелниот тренер на Кил, Филип Јиха, на следниот меч на „зебрите“ ќе се симне од тронот и ќе мора да му подаде рака на новиот крал на стрелците.


Никлас Екберг постигна 11 гола на дуелот со Гепинген и запиша вкупно 2.125 погодоци во својата кариера за екипата на Кил. 
Исто толку има и актуелниот тренер Филип Јиха, досега најдобар стрелец во историјата на клубот. 

Но, веќе на следниот меч, Јиха ќе мора да се симне од тронот и да му подаде рака на новиот крал на стрелците. 
Десет години му требаа на Никлас Екберг за овој резултат, додека Јиха за осум сезони стигна до рекордерската бројка. Но, Екберг (32) уште долго ќе го подобрува сопствениот рекорд затоа што неодамна потпиша нов договор и во Кил ќе остане најмалку до јуни 2024 година. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk