Поразот на Вардар во домашното првенство од екипата на Е. Пелистер 2, не мина незабележано ниту во Европа. Македонскиот првак, неделава доби „друштво“ од два клуба со кои се натпреварува во истата група во ЛШ.
Вардар не е осамен во групата во ЛШ кога се гледа статистички која екипа како минува во домашниот шампионат.
Поразот од вториот битолски тим одекна силно и во Македонија, а беше одбележан и низ странските ракометни медиуми, сега македонскиот тим доби друштво од две екипи со кои се натпреварува во истата група во Лигата на шампионите.
Алборг неочекувано е поразен во првенството на Данска и тоа од екипата на Робе Есбјерг (33-36). Овој тим пред победата над Алборг беше на претпоследното место на табелата во шампионатот во кој има 15 екипи. Во моментов Есбјерг е на позицијата број 11.
Ова е втор пораз за Алборг, лидер е ГОГ кој има скор 11-11-0-0.
Уште полоша е ситуацијата во која се најде Монпеље. Лидерот во групата во ЛШ, во шампионатот на Франција има три порази на последните четири натпревари.
Прво загубија од ПСЖ пред еден месец (33-34), потоа го совладаа Нанси (33-30), па следе нови два пораза, од Прованс пред седум дена (27-28) и вчера на гости од Шамбери (23-27).
Монпеље во моментов е на осмото место во Франција и ако го задржат ова ниво, следната сезона веројатно нема да играат ниту во Европа. Лигата на шампионите уште во овој момент се чини дека им е загубена битка со оглед на тоа дека ПСЖ има 11 бода предноста, а Нант и Прованс по шест.