ТРАНСФЕРИ: Мешков, Барса, Штутгарт...

Мешков Брест не успеа да го задржи Микита Вајлупов, но го продолжи договорот со својот ветеран на позицијата десно крило - Максим Баранов. Тој потпиша нов тригодишен договор и останува во Брест најмалку до 2025.



Штутграт, каде што на позиција пивот игра Жарко Пешевски, носи нов кружен напаѓач за следната сезона. Шведскиот репрезентативец Oскар Бергендал од ГОГ Гудме доаѓа следната сезона со тригодишен договор. Што тоа ќе значи за статусот на македонскиот репрезентативец, ќе дознаеме наскоро. 

Елверум останува без норвешкиот репрезентативец Симен Петересен. Тој следните три години ќе игра во данскиот шампионат, во екипата на Скјерн. 

Барса не успеа навреме да го ангажира катарскиот пивот Јусеф Бен Али и беше поразена од Келце. Но, Ортега ќе го има овој 33 годишен ракометар на раполагање еден месец почнувајќи од наредниот натпревар. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk