Ковид го запре Магдебург

Противничките екипи немаа решение за Магдебург во доегашниот дел од сезоната. Но, ривалите на „гладијаторите“ добија „помош“.



Магдебург победи на сите 11. досегашни натпревари во Бунде лигата и веќе има преднот од пет бода пред второпласираниот тим.Но, серијата на Магдебург ќе биде на голем тест, затоа што тие се принудени да паузираат.
Дури шест случаи на Ковид пријави германскиот тим без притоа да прецизира дали се работи за играчи, тренери или друг персонал. 

По една и пол година без позитивен случај, одново во игра се врати и Ковид 19 и веројатно овие шест не се конечна бројка имајќи го предвид перидот на инкубација.

Ова е втор меч од 12 коло што е одложен. Вчера беше решено да не играат ниту Флензбург против Хановер поради позитивен играч (Симон Халд) во Флензбург и можноста вирусот да се прошири. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk