Охрид го запре битолскиот хит

Еурофарм Пелистер 2 – Охрид 28-28 (13-12)
Еурофарм Пелистер 2: Трајкоски, Ристевски, Кузманоски 4, Буторац, Пав. Атанасијевиќ 7, В. Димитровски,  Петровиќ 3, Димитриоски 1, И. Димитровски, Талевски 3, Стоилевски, Пет. Атанасијевиќ, Ѓорговски 2, Ѓукиќ 4. Блажевски, Арсеновски 4
Седмерци: 8/6 Исклучувања: 8 минути
Охрид: Брауновиќ, Ковачески, Андоноски 5, Кривокапиќ, Костов, Николов 2, Шилегов 14, Младеновиќ 2, Тасески 1, Грубор 2, Манасков 1, Ристески, Додиќ 1, Димитриески, Милошевиќ, 
Седмерци: 3/3 Исклучувања: 8 минути


Мице Шилегов ја одигра партијата на „животот“ во дресот на Охрид и постигна 14 гола на дуелот со Е. Пелистер 2 во Битола. 
Но, Охрид не успеа да победи, иако имаше големи шанси и плус два во финишот на натпреварот. Но, Павле Атанасијевиќ и Милан Ѓукиќ постигнаа два гола кога беше најпотребно и успеаја да му донесат бод на својот клуб. 
Претходно, резултатски натпреварот беше целосно израмнет, домашниот тим водеше во добар дел од средбата, но во второто полувреме Охрид ја презема контролата и имаше во неколку наврати водство од два гола, се до финишот. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk