„Вардарецот“ Расмусен доби нов отказ

Ким Расмусен дојде во Скопје во 2014 година и неговата авантура беше толку важна и траеше толку долго што ниту Википедија не ја има регистрирано.
Затоа, пак, од Скопје се пресели во Букурешт и веднаш стана европски шампион. Оттогаш, не му оди како што треба.



Ким Расмусен денеска доби отказ од романската екипа Бистрица. Оваа екипа веруваме нема да ви разбуди чувство дека е некој супер тим, но ќе додадеме дека имаат буџет од 3.5 милиони евра и дека во романското првенство на втори во тој поглед, зад ЧСМ Букурешт. 
Оваа екипа е на деветтото место во првенството по девет кола, со скор 4-1-4. 

Така стои и во „благодарницата“ за Ким Расмусен. Незадоволни од пласманот, му се заблагодаруваат за сорабтката го раскинуваат договорот со данскиот тренер. 

Нивна најголема желба во моментов е Ненад Шоштариќ, тренерот на хрватска Локомотива, творецот на репрезентативниот тим на Хрватска -  „кралици на шокот“. 



 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk