Ковид повторно одложува во Бундес лигата

Имунизацијата за еден период го врати во нормала, колку - толку животот, натпреварите и публиката на трибини, но војната не е завршена.


Ковид повторно прави проблеми, а тие нормално се пресликуваат и во спортот. Се повеќе држави ги заоструваат мерките, а ако добро не служи сеќавањето, за прв пат во Бундес лигата сезонава е одложен и еден натпревар.
Натпреварот Флензбург - Хановер е одложен затоа што во редовите на Флензбург има позитивен ракометар. Данецот Симон Халд и покрај тоа што е комплетно имунизиран, по два рапид и еден ПЦР тест заврши во карантин. 
Нема силни симптоми и се очекува без проблеми да го преброди периодот, но Бундес лигата веднаш реагираше и го одложи овој натпревар. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk