Крај на сезоната за поранешна вардарка

Сезоната е завршена за словенечката ракометарка Барбара Лазовиќ, поранешна ракометарка на ЖРК Вардар.


Барбара Лазовиќ (33), словенечка ракометарка која четири години беше дел од екипата на Вардар (2014-2018), предвреме ја заврши сезоната.
Лазовиќ, сега играч на ЧСМ Букурешт заработи тешка повреда, скинати внатрешни лигаменти на колено. Беше оперирана на клиника во Шпанија, во Мадрид, а рехабилитацијата ќе трае најмалку шест месеци. За неа сезоната е завршена, а ќе биде заменета со 18 годишната Алисија Гогирла, ќерка на легендата на романскиот ракомет Симона Гогирла, најдобриот стрелец од ЕП 2000. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk