Савевски направи измени во репрезентацијата

Селекторот на женската сениорска репрезетнација, Љубомир Савевски, мораше да го менува списокот на ракометарки со кои ќе одигра два контролни натпревари со Србија кон крајот на месецот.



Селекторот Љубомир Савевски мораше да направи измени во составот на женската репрезентација која ќе одигра два контролни натпревари со Србија кон крајот на месецот.

Марија Штериова нема да може да настапи на овие натпревари. Таа се уште е ровита по долгата пауза, па донесена е одлука да ги пропушти овие подготовки. 

Повикана е Јована Кипријановска, леворскиот бек на Куманово и една од ракометарките што кај нас важат за играчи со потенцијал и од кои се очекува да играат поважна улога во иднина. 
Селекторот Савевски повика и уште една ракометарка од резервниот состав. Уште една ракометарка за која веруваме дека има светла иднина, бекот на Вардар, Борјана Коцева.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk