(ВИДЕО) Мартин Томовски во Топ 5

Изборот на ЕХФ за најдобри моменти од седмото коло, вообичаено изобилува со убави акции, а неколку од нив се дел и од натпреварот што го играше Вардар со Сегед. 


Две голмански интервенции од мечот Сегед - Вардар се најдоа во Топ 5. Мартин Томовски е на петтото место, а две места погоре е Роланд Миклер. 
Во Топ 5 одбрани место си најдоа и Вјачеслав Салдаценка (Мешков Брест), Никлас Ландин (Кил) и Андреас Волф (Келце).

Најубавиот гол во седмото коло е двојниот цепелин што Мотор Запорожје му го сервираше на Веспрем, а во најтесниот избор имаше место и за мајсторијата на Морито на мечот со Барса, бомбите на Рихард Бодо со Вардар и на Сандро Обрановиќ со Мешков и соло акцијата на Ерик Јохансон (Елверум). 

НАЈДОБРИТЕ 5 ОДБРАНИ - Овде

НАЈУБАВИТЕ 5 ГОЛА - Овде

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk