Металург и Вардар, „рекордери“ во ЛШ

Данскиот ракометар и новинар, Расмус Бојсен, состави интересен список на натпревари на кои се постигнати најмалку голови за едно полувреме во Лигата на шампионите од 2000 година до денеска.



Вчерашните 18-4 во првото полувреме на натпреварот во Париз, значеше и влез на Порто во „одбраното“ друштво на екипи што постигнале најмалку голови за едно полувреме во Лигата на шампионите од 2000 година досега. 
На тој список од вкупно осум натпревари, на пет актери се македонските екипи Металург и Вардар. Не секогаш по лошо. 
Металург е сопственик на негативниот рекорд со само три постигнати гола во едно полувреме, во 2015 на гостувањето кај Кил. 
Металург го има уште двапати на списокот, но овој пат како екипа што примила најмалку голови за едно полувреме. Во 2013 година, тогашниот македонски шампион прими само по четири гола во второто полувреме на натпреварите со Бјерингбро Силкеборг и веднаш потоа со Санкт Петербург во Скопје. 

Вардар има две неславни полувремиња на кои постигнал само по четири гола. Против Барселона во 2004 и против Кил пред две години, во 2019. 


НАЈМАЛКУ ПОСТИГНАТИ ГОЛОВИ ЗА ЕДНО ПОЛУВРЕМЕ ВО ЛШ

3 ГОЛА:
МЕТАЛУРГ - КИЛ (1 пол, 2015)
4 ГОЛА:
ВАРДАР - БАРСА (1 пол, 2004)
ВИСЛА - КОЛДИНГ (1 пол, 2006)
ГОРЕЊЕ - ПИК СЕГЕД (1 пол, 2007)
БЈЕРИНГБРО СИЛКЕБОРГ - МЕТАЛУРГ (2 пол, 2015)
СТ. ПЕТЕРБУРГ - МЕТАЛУРГ (2 пол, 2015)
ВАРДАР - КИЛ (1 пол, 2019)

ПОРТО - ПСЖ (1 пол, 2021)

foto: fb

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk