Трета поранешна ракометарка на Вардар објави крај на репрезентативната кариера во Франција по ОИ Токио.

По Амандин Лејно и Алкесандра Лакрабер, крилото Сираба Дембеле е третата француска ракометарка која објави дека веќе нема да игра за репрезентацијата. Во лучајов, Л'Екип објави дека таа веќе нема да игра за француската репрезентација во која мина 15 години и постигна 848 гола со кои е вториот најдобар срелец во историјата на тимот.
Досега вкупно шест ракометарки на Вардар објавија крај на репрезентативната кариера по ОИ Токио. Покрај трите француски играчи од репрезентацијата се простија и Андреа Кликовац (Црна Гора) и српските ракометарки Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ.