Страшен Келце, уште пострашен ПСЖ...

Барса немаше пораз во ЛШ на домашен терен цели шест години. Денеска го играа 500-тиот меч од ЛШ, а јубилејот им го расипа страшниот Келце. 
Натпреварот го судеше македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. И како и секогаш одлично ја завршија својата работа. 



Долго се спремаа и најавуваа победа во Келце. Но, кој може да чека победа над Барса и тоа во Блау грана? Во салата каде што Барса шест години немаше пораз, а последниот во 2015 им беше од ... Келце. 

Но, Талант Душебаев годинава има многу силен и компактен тим. Влегоа во играчката шема на Киргистанецот сите 16 ракометари, па тој можеше да си дозволи и луксуз во второто полувреме да игра птнаесетина минути и со втора постава и одново да го одбрани водството. 

Страшен беше Келце, денеска исто како и во претходното коло кога си играше со ПСЖ. Сите ракометари на ниво и прва пат по долго време ја видовме Барса не само победена, туку и надиграна. 
Водеше Келце во текот на целиот натпревар, главно два до три гола, со тоа што во финишот Барса се доближи на минус еден. Но, немаше пресврт, конечни 32-30. 

Во Париз, пак се пееше поинаква песна. Гостуваше Порто, екипа што важи за непријатен гостин... Но, Париз беше страшен вечерва и по првото полувреме имаше неверојатни 18-4! Конечниот резултат е 33-19, а нашиот репрезентативец Никола Митревски имаше 5 одбрани од 16 шутеви или 30% . 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk