Вардар не успеа, со нула се враќа од Сегед

ПИК СЕГЕД - ВАРДАР 34-31 (16-14)
Фримел 9, Тонесен 8 - Дибиров 7, Гаџа 6, Ѓукиќ 5, К. Њокас 4 ...



ПИК СЕГЕД со триумф над двократен европски шампион ја испрати во историја својата сала во која досега има одиграно 156 меѓународни натпревари.
Вардар имаше шанса да се врати со бод или два во Скопје. Но, не успеа да казни тоа што Сегед денеска го играше, односно не го играше во одбрана. 
Нивната зона, позната по жестина и добро покривање, вечерва ниту имаше многу и добри дуели, ниту покриваше, а ниту пак се враќаа назад навреме домашните играчи. 
За жал, Вардар, ако го исклучиме голманот во најголем дел играше слично во одбрана и Бомбач и Тонесен, а подоцна и Фримел имаа решенија. 

Средбата од поочетокот ја контролираше ПИК Сегед. Вардар се обиде со длабока 5-1 зона и брз центар и транзиција да ги изненади, но само делумно имаше успех. Бомбач успешно креираше игра, Тонесен погодуваше и Сегед водеше 8-5, подоцна 11-7... 
Мартин Томовски во игра влезе по дваесетина минути и го спаси натпреварот. 
Имаше одличен вовед одбрани 4 од првите 6 шута, а Вардар се врати во игра. Дибиров традиционално си везеше низ терен и имаше слобода да игра на која сака позиција и како сака да се движи низ теренот и тоа во доста наврати ги бунеше домаќините. 

На полувреме беше 17-15, откако претходно Вардар успеа и да израмни (14-14) на три минути до крајот на полувремето.
Играта во одбрана на Сегед мораше да биде подобро материјализирана од тоа што го направи Вардар на овој меч. Македонскиот тим имаше ретка можност да го начека во „вакво“ издание унгарскиот првак, очигледно се уште опиен од ремито во Веспрем во нивниот шампионат викендов.

Вардар одново израмни во 38 минута (20-20), но Унгарците брзо се вратија на плус два-плус три и таа разлика воглавно беше низ текот на целото второ полувреме. Бесмислено е да потенцираме во колку наврати имаше Вардар шанса или зицер да го одведе мечот во малку поинтересна завршница. 
На крајот, спротивно од желбите, Сегед беше тој што се одлепи на плус четири (34-30) и средбата бепе решена. 

Мартин Томовски со 13 одбрани од кои имаш 56% одбрани од 9 метри и 50% одбрани на шутеви од крило беше според нас играчот број еден на Вардар. 
Во поле Тимур Дибиров постигна седум гола од 10 обиди и сега има 1004 гола во Лигата на шампионите. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk