Мешков и Загреб делеа бодови

Мешков Брест и ППД Загреб одиграа нерешено на премиерниот натпревар од седмото коло од групата „А“ во која игра и Вардар. Монпеље, без проблем го реши Елверум.



Супер интересен натпревар одиграа екипите на ППД Загреб и Мешков Брест, вечерва во Белоусија. Хрватите водеа во текот на целата средба, но не успеаја да го прекинат низот во ЛШ без победа кој сега изнесува 22 натпревари. 
Имаше Загреб шанса за триумф, добро го одржуваше водството во играта гол за гол во последните десет минути, но на крајот јунак на Белорусите излезе новиот голман Вјачеслац Салдаценка. Тој го одбрани последниот напад на ППД Загреб и шутот на Кларица, но Мешков не профитираше затоа што и Мандиќ го одбрани последниот шут на Јуринок и натпреварот заврши 30-30.

Во Норвешка, Монпеље доминираше цел меч и конечно забележа убедлива победа од 37-30 над Елверум. Иго Деска со девет, Жулиен Бос со шест и Дуарте со пет гола беа најефикасните. 

Веспрем „киксна“ на дуел од групата „Б“. Унгарците загубија планирани бодови на гостувањето во Запорожје. Мотор победи 29-27, а немаше ниту драма, затоа што имаа убедливи 28-24 во финишот Украинците. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk