Савевски одбра тим за дуелите со Србија

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски селектираше 19 ракометарки што ќе се подготвуваат и ќе одиграат два контролни меч со Србија, во исчекување на евентуална покана за настап на СП.



Македонија се уште не е комплетно отпишана за настап на СП Шпанија, иако по маневарот на ИХФ со вајлд картите, шансите за настап се секој ден се помали.
Сеедно, Македонија ќе се подготвува во периодот во кој клупската сцена во Европа ќе мирува, а вниманието ќе биде кон мундијалските тимови.
Првиот собир на Македонија ќе биде на 22 ноември, а на 27 и на 29 ќе одигра два меча со Србија во Стара Пазова. 
Савевски за оваа акција ги селектираше следниве ракометарки:

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk