Филип Миркуловски се повреди на последниот дуел од Бундес лигата и ќе мора да паузира. Добро во лошото е што повредата е полесна отколку што се поретпоставуваше.
Македонскиот репрезентативен плејмејкер го превитка зглобот на дуелот со Лајпциг, по што е дијагностицирано оштетување на лигаментите.
Добро во лошото е што нема да има потреба од операција за санирање на повредата и со кратка пауза повторно ќе биде на терен. Колку долго не е прецизирано, но не го очекуваме на терен во следните десетина дена.