Вујо: Вардар секогаш игра добро во Сегед

Продолжуваат и натпреварите во Лигата на шампионите, а тешкиот распоред на Вардар допрва ќе дојде со израз. Веќе во четврток, македонскиот шампион гостува во Унгарија, кај екипата на ПИК Сегед, прв



Во четврток во 18:45, Вардар ќе го одигра првиот од двата дуела со ПИК Сегед во рамките на Лигата на шампионите. Следната недела, истиот противник доаѓа во Скопје. 
Тренерот на македонскиот првак, вели дека тимот е спремен за акција. 

„Сите сме на собир, сите сме здрави што е особено важно. Играме против ПИК Сегед, познат противник, еден од најдобрите тимови во Европа. И ни доаѓа како да играме бараж, играме таму, а по седум дена ќе играме со истиот тим и во Скопје. Вардар е спремен, јас реков дека мораме да ја прекинеме оваа серија на порази. ПИК Сегед е добра шанса за тоа. Вардар по традција игра добро со Сегед, па се надеваме дека и овој пат ќе биде така“, вели тренерот Веселин Вујовиќ.  

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk