Бабиќ: АЕК ќе удри во ѕид

Денеска од 18:45 часот во рамките на на третото коло од Европската лига, во Грција се среќаваат АЕК и Е. Пелистер. 
По две кола АЕК е убедлив и на првото место со четири бода, додека Е. Пелистер со еден освоен бод го дочекува овој дуел.




Тренерот на битолчани, Жељо Бабиќ, пак, најавува крај на серијата на Грците. И тоа со судар со ѕид и тоа не каков било туку тој одбранбениот на битолскиот состав.

АЕК покажа на почетокот од турнирот дена е организирана и дисциплинирана екипа. Победија на убедлив начин во првото коло на домашен терен, а во второто коло ја изненадија цела Европа со победата во Ним. Стабилна екипа се, во налет се и заслужуваат респект.
Сезоната е долга, оптимисти сме, желни сме за натпреварување и едвај чекаме да почне натпреварот и да видиме која е вредноста на АЕК. Во добар момент сме, во добра форма сме и со нетрпение го чекаме натпреварот и уверен сум дека ќе покажеме добар тимски дух, добро трчање, добра одбрана и верувам дека АЕК ќе „удри“ во цврст „ѕид“ на Еурофарм Пелистер. Спремни сме да одиграме одличен натпревар и ќе видиме за што ќе биде тоа доволно. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk