Барса купува пивот од Катар

Барса се најде во многу незгоднa позиција откако се повреди португалскиот пикер Луиш Фраде. 


Сезоната за Луиш Фраде е завршена, а Барса остана само со Лудовик Фабрегас на линијата и лимитиран избор на играчи со кои може да се одржи ниво со назнака - европски шампион.

Новиот тренер на Барса, помош добива од легендарниот екс-тренер на Барса, Валеро Ривера. Овој стратег кој цели 20 години беше на чело на Барса (1983-2003) од 2013 е селектор на Катар и испраќа свој ракометар во Каталонија. 
Засилувањето за Барса, доаѓа од репрезентацијата на Катар и се вика Јусеф Бенали. Заедно со кубанското дуо на бекови (Марзо-Капоте), Бенали е една од најважните алки во катарскиот тим. 

За Барса би требало да дебитира веќе во четврток, на дуелот со Келце од Полска. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk