Нант го претстави вардарецот Тото

Како што најавивме уште поодамна, Вардар ќе остане без францусиот пивот Жереми Тото. На крајот на сезоната, тој се враќа во Франција. 



Вардар ќе остане без играчот, за кого веруваме многумина ќе се согласат со нас, беше најпогоденото засилување сезонава. 
Жереми Тото, борбениот пивот на крајот на сезоната ќе си замине од Скопје и ќе се пресели во редовите на Нант, од каде што заминува францускиот Србин Драган Пешмалбек.

Од Вардар во прв момент тврдеа дека „нема шанса“, но излезе поинаку. За волја на вистината, Тото ќе си ја одработи својата прва година од договорот кој предвидува „една плус една“. Потоа ќе биде активирана клаузулата за раскин и тој без пречки заминува за Франција.

Нант денеска го официјализираше трансферот. Жереми Тото потпиша тригодишен договор со Нант и останува таму до 2025. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk