Девет години мина Иван Пешиќ бранејќи го голот на Мешков Брест. Сезонава се повреди, а на лето треба да замине за Нант. Мешков Брест нема да го испочитува договорот до крајот, му го раскина договорот.
Иван Пешиќ доби благдарам од Мешков Брест и предвремен раскин на договорот. Пешиќ заминува, доаѓа Вјачеслав Салдаценка и тој ќе продолжи да брани за Белорусите.
Интересен е начинот на кој Мешков Брест се ослободи од Пешиќ и исплаќање до крајот на сезоната.
Мешков Брест вели дека Пешиќ е повреден бил на детални прегледи и дека за негова рехабилитација е потребно време, но и дека потоа постои опасност оодново да се искомплицира повредата. И поради тоа, односно можноста да се искомплицира, тие не можат да преземат одговорност, да гарантираат дека нема да се искомплицира и да одат против докторскиот наод и мораат од медицински причини да го раскинат договорот.