Барса остана само со еден пивот

Барса се најде во голем проблем што веројатно ќе мора да го решава со купување на нов ракометар.



Португалскиот пивот Луиш Фраде заработи повреда на лигаментите на коленото на тренинг на Барса и ќе мора да биде опериран. Хируршкиот зафат веќе е закажан, ќе биде во вторник, а Фраде по ова според праксата за вакви повреди ќе треба да паузира четири до шест месеци. 
За него оваа сезона е завршена, нема да биде дел ниту од ЕП 2022, а проблемот за Барса е голем затоа што по заминувањето на Седрик Сориндо за Динамо Букурешт, тие сезонава имаа само двајца пикери. 

Во моментов само Лудовик Фабрегас е на располагање на клубот, а Карлос Ортега го приклучи од младинската база Артур Парера што ќе биде доволно за Асобал лигата,  но за Лигата на шампионите може да се покаже како голем хендикеп, особено што Фраде вршеше голема работа и во одбраната. 

Првиот голем тест ќе им биде со Келце на домашен терен, по што веројатно ќе се знае и како ќе треба да реагираат каталонците за пролетниот дел во кој ја бранат титулата европски првак.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk