Парондо купува играч на Загреб

Роберто Гарсија Парондо, откако го ангажираше Глеб Калараш за тековната, своето прво засилување за следната сезона го пронајде во екипата на ППД Загреб.



Левото крило на ППД Загреб, Давид Мандиќ (24) е првиот пик на екипата на Мелзунген за следната сезона. Овој играч што добро се сноаѓа во два правца, беше поврзауван за трансфер од Загреб уште оваа сезона, се споменуваа екипи од Унгарија, но на крајот остана под палка на Ивица Обван. 

Следната сезона, патот го носи кон Германија и екипата што има добри играчи, но никако не може да направи и добра игра, односно резултати на нивото на реномето, па затоа годинава и го променија тренеро и го доведоа Шпанецот со кој Вардар во 2019 стана европски шампион. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk