Голден Арт го испрати Рајатоски во Германија

Десниот бек Пеце Рајатоски вчера го одигра последниот натпревар за екипата на Голден Арт и се поздрави со соиграчите.


Пеце Рајатоски доби благослов од клубот кариерата да ја продлжи во странство. Овој 27 годишен битолчанец игра на позиција десен бек, има играно и како десно крило, а Германија нема да биде неговото прво меѓународно искуство со оглед на тоа дека има настапувано и за косовската екипа Кастриоти.

Во Голден Арт мина три месец. Новиот клуб на Рајатоски е Зулбах-Розенберг.

„Иако Рајатоски е многу важен за нашиот колектив и ќе недостасува за поголема конкурентност на клубот во остварување на амбициите за сезоната која е во тек, Голден Арт го прифати барањето на ракометарот Пеце Рајатоски, кој кариерата ќе ја продолжи во Германија. Клубовите меѓу себе се договорија за премин на ракометарот во новата средина со надеж дека во иднина таа соработка ќе се издигне на повисоко ниво. Благодарни сме за неговиот придонес и очекуваме Рајатоски достојно да го преставува клубот и Македонија во странство“ , изјави Сашко Даев, претседател на клубот.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk