Елверум се спрема за битка со дрим-тимот Колстад

Формирањето на дрим-тимот Колсдат, клуб кој одеднаш со милионски буџет влегува на сцената на норвешкиот клупски ракомет, со намера да доминира и дома и да се обиде да ја освои ЛШ наиде на различни реакции во скандинавијата.



Формирањето на Колстад е своевиден одговор на Норвежаните на дрим тимот што го формираат Данците во Алборг. Ќе биде суперинтересно кога еден ден ќе се сретнат овие два тима на терен, но во меѓувреме се прашуваат и другите клубови.

Колстад конретно предизвика различни реакции во Норвешка. Дел се негативни, со оглед на високите плати несвојствени за нивните машки клубови, дел се позитивни, затоа што - која ракометна земја не сака да има врвен тим? 

Ривалските клубови се друга приказна. Некои се исфрустрирани, некои се радуваат што ќе имаат скап гостин, а шампионот Елверум е решен да се бори за тронот и почна да се прегрупира, иако неговиот буџет за плата во клубот е нешто повисок од платата што Сагосен ќе ја зема во Колстад. 

Елверум затоа, има изграден систем на игра, тоа го гледаме во ЛШ, а ќе се засилува и тоа со норвешки репрезентативец од Флензбург. 

Свен Јоран Јоханесен играч од висока класа кој настапува за бундеслигашот Флензбург би требло да пристигне во Елверум следната сезона. Јоханесен пред да дојде во Флензбург во 2018, играше две сезони и за данскиот ГОГ. Повредите го спречија да отиде многу понапред отколку што е сега, но здрав и физички спремен, тој е играч што може да направи разлика на теренот кој било да е противникот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk