Пасквал „извиси“, Барса го врза Н'гесан

Уште од моментот кога Чави Пасквал ја напушти Барса и со себе го поведе својот син, а во Букурешт веќе го чекаше Седрик Сориндо, кружеше шпекулација дека по завршувањето на договорот, во Романија ќе пристигне уште еден Французин од Барса - Тимоти Н'Гесан. 
Тоа беа плановите на Пасквал и Динамо, Барса како и да е, имаше свој план. 



Тимоти Н'Гесан или Енгесан како што ќе го слушнете низ ТВ преносите, 29 годишниот Французин кој пред пет години од Шамбери потпиша за Барселона, потпиша нов договор со каталонскиот клуб и останува верен на клубот кој во меѓувреме го скрати името, па место Барселона сега се вика - Барса. 

Барса вчера го промовираше новиот договор, Н'Гесан ќе комплетира 10 години во клубот кога ќе му заврши новиот договор, а француската репрезентативна колонија останува да биде во формација квартет, затоа што остануваат Дика Мем, Мелвин Ричардсон и Лудовик Фабрегас. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk