Промашена сезона за РНЛ, Флензбург оживеа

РНЛ во последната сезона од ерата на Анди Шмит игра на рамниште на просечна германска екипа, а такви и се и резултатите.



Лемго е четвртиот тим што го совлада Рајн Некар во само девет одиграни натпревари. Во последната сезона за Анди Шмит по што комплетно ќе биде реновирана некогаш славната бековска линија, Лемго, како гостин славеше 33-30 над РНЛ и го остави на осмото место со девет бода. Само три повеќе од екипите што се борат за опстанок како Хановер на Филип Кузмановски на пример и дури 11 бода зад лидерот Магдебург кој годинава е незапирлив во германскиот шампионат и има 10 од 10. 

Флензубрг оживеа и му го нанесе првиот пораз на Берлин во првенството. Голманот од БиХ, Бенјамин Буриќ ги откажа напаѓачите од престолнината и тие сега се три бода зад Магдебург.
Флензбург, пак, со пет победи, две нерешени средби и два пораза се израмни со Кил на делба на третото место со 12 бода, дури осум помалку од лидерот, но и меч помалку. 
Флензбург, патем, се пофали и со продолжување на договорот со репрезентативецот Јоханес Гоља кој им врши огромна работа. 

Штутгарт каде игра македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски се наоѓа во критичната зона со само две победи колку што имаат и претпоследните Балинген. Имаа проблеми со повредени играчи во Штутгарт, на пат се да се рехабилитираат.
Последен со само една победа и тоа извојувана вчера над Мелсунген, тимот на Гарсија Парондо е Минден. За два дена Пешевски ќе се сретне со Парондо на меч на кој двата тима треба да се „вадат“. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk