Охрид блесна, заработи бодови со Прилеп

ОХРИД - ПРИЛЕП   33-21 (14-10)
Кривокапиќ 6, Додиќ 6 - Тренчевски 7, Милошевски 5



Охрид одигра натпревар каков што се очекува и наградата во вид на три бода, веднаш пристигна. Прилеп денеска не можеше да им парира на охриѓани и си замина со убедлив пораз. 
Стефан Додиќ и Марко Кривокапиќ се истакнаа од избраниците на Раде Стојановиќ со по шест гола, а Тренчевски со седум погодоци од гостинскиот состав. 
Резултатски Охрид водеше три до четири гола во првиот дел што заврши 14-10, но во второто полувреме Охрид стигна и до плус 10 и не ја намали под двоцифрена до конечните 33-21. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk