РАДОВИШ - Е. ПЕЛИСТЕР 2 24-29 (14-13)
Вујниќ 5, Трајанов 5 - Павле Атанасијевиќ 7, Петровиќ 7
СКОПЈЕ - СТРУГА 29-32 (12-15)
Василевски 8, Мишевски 7 - Блажевски 7, Маркоски 6
Радовиш вложи доста напори за да ја расипе забавата на битолската „двојка“, која долго време ги окупираше насловите по сензационалната победа над Вардар.
И не беа далеку домашните ракометари од таков подвиг, водеа во текот на целото прво полувреме и во добар дел од второто, иако таа разлика секогаш беше тесна, гол-два.
Но, новопечениот сениорски репрезентативец Павле Атанасијевиќ одново имаше своја вечер и откако Е. Пелистер 2 израмни на 19-19, им донесе водство што во еден момент беше и цели три гола разлика 24-21.
Кога се доби впечаток дека Пелистер 2 со мака, но со сигурни бодови оди дома, радовишани постигнаа уште два погодока и ја вратија неизвесноста 23-24. Павле Петровиќ со својот петти гол ја доведе битолската екипа во водство од 25-23, а потоа истиот играч погоди и за 26-23 и го врати својот тим во помирни води. Цветан Кузманоки со гол за 27-23 ја потврди победата на битолскиот состав.
Екипата на Скопје останува без освоен бод и по десеттото коло во кое гостин им беше екипата на Струга. Скопје поведе 2-0, потоа водството го преземаа гостите (4-6, 5-7), за на полувреме да биде 15-12 за стружани.
Во второто полувреме гостите поизразено ја контролираа играта и тоа им донесе водство од 30-23 во финишот на мечот.
По ова следеше големо опуштање на гостите што Скопје со серија од 6-2 го претвори во тесен пораз од 29-32.