ВЕСТИ: Русија и Кина прават Источна лига, Расмусен ја доби Унгарија на суд...

Претседателите на ракометните федерации на Русија и на Кина, Сергеј Шишкарев и Ванг Тао потпишаа меморандум за стратешка соработка. Ова подразбира заеднички кампови на репрезентациите од сите категории, турнири на екипите, а особено е важна и ја подвлекуваме идејата за формирање на Источна лига. Таа засега е во фаза на идеја и се разработуваат деталите, но имајќи предвид дека руски и кинески екипи учествуваа во меѓународни лиги, за верување е дека ќе биде формирана. 



Поранешниот тренер на ЖРК Вардар, Ким Расмусен по две години судење го доби спорот со Унгарската федерација. Тој потпиша четиригодишен договор непосредно пред СП Јапонија 2019, но поради критики кон судиите на тој мундијал беше суспендиран, а неговиот договор поништен. 
Потоа почна судски процес, а Расмусен се „пофали“ дека го добил спорот. 

Победата на изборното собрание од 135-1 и нов мандат за Хасан Мустафа на чело на ИХФ не им „легна“ добро на Данците. Нивниот нов прв човек, Мортен Стиг Кристенсен изјави дека Европа мора да се прегрупира и еден ден, во моментот кога Хасан Мустафа ќе реши да се повлече, Европа да дејствува организирано и следниот претседател на ИХФ да биде од Европа. 

Македонскиот тренер Аце Јоновски доби засилување од Хрватска. Пикерот Станко Сабљиќ (33), поранешен ракометар на Загреб, Хам, Вилхелмшавенер. Овој 202 сантиметри висок линиски играч ќе има улога и на помошен тренер во вториот тим на Интерактив, како што сега се вика клубот што порано го познававме како Ратинген. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk