Богата среда, суперлигашите на терен (ЛИНКОВИ)

Поради настапот на македонската сениорска репрезентација, редовното коло од машката Супер лига се игра среде недела. На програмата е 10.коло во најсилната конкуренција, коло во кое се играат натпревари што ќе одлучуваат директно за предноста што би ја обезбедиле екипите во трката за Плеј оф.



Бутел Скопје и Металург се во фокусот  на денешното коло. Овие два тима ќе се борат за зголемување на шансите за настап во годинешниот Плеј оф. И двата клуба, заедно со Тиквеш и Охрид, а не е далеку ниту Е. Пелистер 2 ќе се борат за две-три места во горниот „дом“. Засега сите екипи имаат шанса, но секој „кикс“ може да биде пресуден. 
Ова особено се однесува и за екипите на Охрид и Прилеп кои играат меч на кој домашните не смеат да „кикснат“.
Тиквеш пак, ни крив ни должен, се најде во најнеблагодарната позиција, да игра со Вардар веднаш по нивниот пораз од Е. Пелистер 2.  
Според пласманот на табелата дерби на колото треба да е мечот Е. Пелистер - Т. Пролет. Битолчани, како и да е, се во улога на големи фаворити, но Т. Пролет е тим што не треба да биде потценет. 

Натпреварите можете да ги следите со клик на еден од следниве линкови: 

10.КОЛО

СРЕДА (10.11.2021)
17:30  Вардар - Тиквеш
18:00  Скопје - Струга
18:00  Радовиш - Е. Пелистер 2
18:00  Охрид - Прилеп
19:00  Бутел Скопје - Металург
ЧЕТВРТОК (11.11.2021)
Е. Пелистер - Т. Пролет 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk