Алжир ќе се самоуништи

Алжир го препознаваме како трета ракометна сила во Африка, зад Египет и Тунис. Но, наскоро можеби нема да биде така.



Една од најдобрите африкански селекции, некогаш рамноправна за прво место, сега вообичаено полуфиналист или трето место, Алжир, е на прагот да се самоуништи и врати назад многу чекори. Причината - политичка. 

Во јануари во Мароко ќе се игра Африкански шампионат, пандан на ЕХФ Еуро што ќе се игра во Унгарија и Словачка. Квалификациски турнир за СП Шведска/Полска 2023. 
Проблемот е што натпреварите треба да се играат на територијата на Западна Сахара. Овие територии Алжир ги смета за окупирани од Мароко и нема да прати свои репрезенти таму за каков и да е спорт. 

Ако Алжир не оди на Африканскиот шампионат, по автоматизам ги губи и шансите за пласира на СП 2023. Но, проблемот е подлабок, затоа што Алжир поради тој чин ќе ја загуби и организацијата и учеството на Африканските игри во 2024, а со тоа и евентуален пласман на СП 2025 година. 
Реши ли Алжир да го бојкотира Африканскиот шампионат во 2022, најверојатно ќе остане без големо натпреварување било африканско или светско ниво до 2026 кога би можел да учествува на Африканскиот шампионат. 

Калифа Гедбан, голманот што 2018 до 2020 бранеше во Вардар се наоѓа во пресекот на множествата на македонскиот и алжирскиот ракомет како и убавото искуство на јуниорската репрезентација која го освои шестото место на мундијалот одржан во 2017 година. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk