Вардар еден месец без Али Сафар

Првиот дел од сезоната во Лигата на шампионите е завршен за Али Сафар вардаровиот голман од Кувајт.



Вардар нема да може да смета на услугите на кувајтскиот голман Али Сафар до крајот на првиот дел од Лигата на шампионите. 
Али Сафар има повреда на лигаментите на зглото и ќе мора да паузира еден месец. Со оглед на тоа дека Лигата на шампионите за Вардар завршува на 8 декември, Сафар нема да биде во комбинација за настап. 
Што се однесува до домашното првентво, тоа завршува на 25 декември, па би можел да биде во тимот на некој од натпреварите во последните четири кола. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk