Продолжува првенството на Македонија, утре е на програмата 10-то коло. Директна битка за шанса да играат во Плеј оф ќе водат Бутел и Металург.
По неделата на ЕХФ, а како своевидна увертира за продолжението на Лигата на шампионите и Европската лига, во Македонија ќе се игра редовно коло од Супер лигата.
Бутел Скопје и Металург утре ќе се борат за зголемување на шансите за натап во годинешниот Плеј оф. Според моменталниот изглед на табелата, овие два клуба, заедно со Тиквеш и Охрид ќе се борат за две места. Ова е дерби од средината на табелата, но според важноста дерби на колото.
Охрид и Прилеп играат меч на кој домашните не смеат да „кикснат“, а Тиквеш пак, се најде во најлоша позиција, да игра со Вардар веднаш по нивниот пораз од Е. Пелистер 2.
Според пласманот на табелата дерби на колото треба да е мечот Е. Пелистер - Т. Пролет. Битолчани, како и да е, се во улога на големи фаворити, но Т. Пролет е тим што не треба да биде потценет.
10.КОЛО
СРЕДА (10.11.2021)
17:30 Вардар - Тиквеш
18:00 Скопје - Струга
18:00 Радовиш - Е. Пелистер 2
18:00 Охрид - Прилеп
19:00 Бутел Скопје - Металург
ЧЕТВРТОК (11.11.2021)
Е. Пелистер - Т. Пролет
Сите натпревари ќе можат да се следат преку видео линк на страницата на Ракометната федерација на Македонија