Колкава е платата на Сагосен

Ракометот е еден од спортовите во кои актерите се послабо платени во однос на другите колективни спортови. Има повеќе причини зошто е тоа така, но како и да е, далеку се сумите што ракометарите ги добиваат во однос на кошаркарите, особено тие прекуокеанските, а да не споредуваме со фудбалерите. 



Трансферот на Сандер Сагосен од Кил во Колстад ги натера норвешките новинари да се познаминаваат и со заработвучаката, односно платата на најдобриот норвешки ракометар и играч околу кого ќе се гради новиот дрим тим. 

И Кил и Сагосен потврдија дека финанскиот дел не е причина за заминувањето на Сагосен од Германија. Кил веројатно може да му понуди доста повеќе од Колстад без проблеми по буџетот, но враќањето дома и можноста пред своите сограѓани да се направи нешто „големо“ не може да го стави во понуда. Тоа не значи дека Сагосен за помалку пари ќе игра за Колстад. Напротив, веројатно ќе има и поголема плата отколку што во моментов заработува.

Според норвешките медиуми, Сагосен во Кил заработува 6 милиони норвешки круни нето плата годишно. Претворено во евра и поделено на 12 месеци излегува дека Сагосен во Кил игра за нето плата од 50.000 евра месечно. Спонзорските договори, бонусите и други привилегии, не се пресметани во оваа сума. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk