Уште две нови имиња во дрим тимот Колстад

Крилото на Кил, Руне Дамке и бекот на Алборг, Николај Ласе би требало да се преселат во Трондхајм, во новиот дрим тим во формирање.



Левото крило на Кил, Руне Дамке заедно со Сандер Сагосен би требало да го напушти таборот на „зебрите“ и да се пресели во Трондхајм, во новиот дрим тим во формирање. 
Овој трансфер е уште и поврзуван со „блискоста“ на Дамке и Сагосен кој се во врска со сестрите Стине и Хана Офтедал, едни од најдобрите норвешки ракометарки. 

Николај Ласе од друга страна ќе добие голема конкуренција во Микел Хансен следната сезона и колку и да звучи играњето со таква легенда во ист клуб, сепак, треба да се води сметка и за улогата и минутажата, а таму игра и Феликс Клар како прва опција, па има логика и во овој трансфер. 

Колстад неодама ги промовираше Сандер Сагосен, Магнус Род, Торборн Бергеруд, Јанус Смарасон, Магнус Гилируд и Сигвалди Гудјонсон за свои играчи од сезоната 2002 и 2003. 

Покрај овие трансфери во Германија и Норвешка се отвора дебата дали Сагосен треба да остане уште една година во Кил или овој трансфер треба да се реалзира уште летово. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk