Младински лиги: Се двојат конкурентите за Фајнал фор

Викендов се играше второто коло од Младинскиот шампионат на Македонија. По ова коло веќе почнаа да се издвојуваат фаворитите за место на Фајнал фор турнирот. 



Во групата „А“, откако во првото коло го совлада тимот на Вардар, екипата на Алкалоид во второто беше подобра и од тимот на Скопје 2020 и како фаворит ќе патува на гостувањето во третото коло кај тимот на Пролет. 
Божидар Илиески со шест гола, следен од Костовски и Јорданов кои постигнаа пет и пикерот Стојковиќ кој беше стрелец на четири гола, беше убедлив на дуелот со Скопје, меч што го одреди новиот лидер на табелата. 
Вардар и Пролет, пак, одиграа драматичен меч што заврши со поделба на бодовите. 

ГРУПА А 
Алкалоид - Скопје 2020    26-20 (14-7)
Вардар - Пролет   24-24 (12-11)

Интересно е во групата Б каде што Бутел и Јуниор Кисела Вода се со по две победи по две кола. Тука е уште незгодниот Борец кој може да ги измеша сметките на фаворитите. Јуниор и Бутел се на делба на првото место, зад нив Борец, 

ГРУПА Б
Металург - Бутел Скопје   23-34 (13-19)
Јуниор Кисела Вода - Металург РА  34-31 (18-13)
Голден Арт - Борец   25-32 (11-14)

Енхалон му приреди доста маки на битолски Пелистер, додека Струга беше убедлива против вториот битолски состав. И во оваа група Пелистер е фаворит, но стружани имаат капацитет да ги сменат работите. 

ГРУПА Ц
Струга - Е. Пелистер 2   33-23 (20-9)
Енхалон - Е. Пелистер  31-32 (15-16)


Прилеп и Тиквеш по две кола ги гледаме како најголеми фаворити во групата, но не го отпишуваме ниту тимот на Радовиш. Младост по два пораза е во најлоша позиција, но од Богданци некој може да се врати и со празни раце. 

ГРУПА Д
Младост - Прилеп  23-30 (12-11)
Тиквеш - Радовиш   27-23 (14-13)

Се играа натпревари и во женскиот шампионат, а постигнати се следниве резултати
А Група:  Чаир - Струма 42-24 (24-14), Вардар - Спартак 46-28 (23-16)
Б Група: Металург - Куманово  39-18 (21-9), Кузман - О. Поле играат денеска

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk