Пуштена во продажба автобиографијата на Лазаров

Автобиографијата на Кирил Лазаров е достапна за македонската читателска публика. Денеска селекторот и капитен на македонската сениорска репрезентација беше гостин во Литература.мк во Ист Гејт. 



Животот на Кирил Лазаров преточен во 220 страници пишани редови сега е достапен за македонската читателска публика. 
Неговата автобиографија може да се купи во Литература.мк и во над 200 продажни места низ земјава, а може да се порача и онлајн. Цената е 499 денари. 

Кирил Лазаров денеска беше гостин во Литература.мк во Ист Гејт Мол и потпишуваше книги на заинтересираните купувачи. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk