Веспрем купува три играчи, Тото се поблиску до Нант

Момир Илиќ, новиот тренер на Веспрем во својата деби сезона не доведе ниту едно ново име, освен дефанзивниот играч Шипош од Татабања. Догодина нема да биде така. 



Над најавениот трансфер на Жереми Тото од Вардар во Нант, во еден момент се појави прашалник затоа што трансферот на пикерот Драган Пешмалбек кој требаше од Нант да оди во ПСЖ стана неизводлив. Стана неизводлив затоа што ПСЖ ги обнови договорите со Хенрик Тофт Хансен, Лука Карабатиќ и Камил Шипжак. 

Но, сега по јадицата со новиот српски репрезентативец, Пешмалбек, има нова голема риба - Веспрем. Нешто се шпекулираше, нешто не, а Планет-хендбал селектираше три трансфери што планира да ги направи Момир Илиќ, односно Веспрем за следната сезона. 

Драган Пешмалбек е едниот трансфер, а тоа би требало да го протурка Жереми Тото кон Нант. Се поизвесно е дека Вардар ќе го загуби борбениот Французин на крајот на сезоната. Се повеќе информации го склопуваат мозаикот за таа приказна, но дека е готово - не е.
И вториот трансфер има врска со Вардар. За волја на вистината не вака директна, но...
Средниот бек Јахија Елдера од Замалек, Египет, ракометар за кој беше заинтересиран Вардар е играч за кого се вели дека заминува за Веспрем. 
Третото засилување е Микита Вајлупов, белоруската гол-машина која во моментов ги полни мрежите како играч на Мешков Брест. Вајлупов малку стагнираше во формата, Мешков е во лоша позиција во ЛШ (сите порази), а сега уште и најдобриот стрелец им е на излезна врата. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk