Жереми Тото на радарот на Нант?

Веќе неколку денови низ ракометните кругови во Македонија струи информацијата дека францускиот пивот на Вардар, Жереми Тото би можел да се врати во татковината. 



Францускиот пивот Жереми Тото сезонава игра одлично во редовите на Вардар и не треба воопшто да чуди што го привлекува вниманието на клубови од големите лиги. 
Неофицијално, Нант е екипата на чиј радар Тото е најсветлата точка. 

Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ, категорично демантираше заминување на францускиот ракометар во овој период. Но, опсегот на информацијата е широк и не се однесува конкретно за оваа сезона. Каков е трендот сега низ Европа да се потпишуваат договори и за 2023 година не би се чуделе и ако ги одработи своите две години во Вардар. 

Но, од друга страна, пак, со оглед на тоа дека од неколку страни ја слушнавме истата информација, чувствуваме и обврска да ја споделиме со назнака дека засега се работи за вест што не е потвредна, која сепак, треба да се има предвид. 

Од друга страна, пак, Нант во овој период се прегрупира. Од клубот (неочекувано) заминува тренерот Алберто Ентрериос, а сигурно си оди и крилото Давид Балагер кој ќе биде замената за Беноа Конку во Пари Сен Жермен. 
На местото на Балагер во Нант ќе дојде ракометарот на Бидасоа Каулди Одризоала. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk