Барса купува крило од Флензбург

Се уште официјално непотврдено, но одново се разбуричка информацијата дека крилото на Флензбург следната сезона се сели во Каталонија.



Шведското крило Хампус Ване следната сезона би требало да го облече дресот на Барса. Оваа информација имаше свои почетоци пред неколку месеци, но денеска одново се појави низ насловите на ракометните медиуми низ Европа. 
Хампус Ване (27) e ракометар на Флензбург, но таму дојде и новиот дански талент Емил Јакобсен, кој се бори за минутажа, па се поверојатно е дека еден од нив двајца ќе мора да замине. А кога Барса се интересира за некого, тогаш реткост е тоа да не е завршена работа. 

Во Барса на таа позиција во моментов играат Анхел Фернандез и Аитор Арињо. Мала е веројатноста Арињо и покрајот тоа што долго беше повреден да замине. Тој е од дете во Барса, во моментов е на второто место по бројот на освоени трофеи во клупската историја и веројатно ако некој мора да замине, Фернандез ќе биде играчот што ќе бара нов клуб. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk