Стефан Додиќ потпиша за Келце

Претседателот на Келце, Бертус Сервас, денеска објави кој е следниот ракометар што доаѓа во неговиот клуб. Доаѓа од Македонија. 



Стефан Додиќ нема долго да се задржи во Охрид. На крајот на сезоната, заминува за Полска, каде што ќе игра за Келце во следните четири години. 
Бертус Сервас рано утро најави, четири часа подоцна објави на својот Твитер дека се договориле со Стефан Додиќ за сите детали и дека тој е нивниот нов играч. 

„Среќен сум што можам да ве информирам дека по долги преговори, постиигнавме договор со еден од најталентираните српски ракометари Стефан Додиќ. Тој ќе игра четири години во Келце“, напиша Сервас.

Овој млад ракометар ракомет научи во Металург. Како 13 годишник секој ден патуваше од родното врање во Скопје, за многу рано да добие шанса да игра и во ЛШ. 
Годинава, последната што требаше да ја одработи во Металург, го раскина договорот и премина во Охрид. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk